• 04.02.2023 23:26

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Нацев: Единствена константа во меѓународните односи е сопствениот стратешки интерес

Bysrs-editor

Jan 25, 2023

Во своето гостување на утринската емисија на Радио Лидер, универзитетскиот професор Александар Нацев се осврна на потребата од водење конзистентни политики кога се во прашање националните стратешки интереси и заштитата на уставниот поредок. Исто така, професорот се осврна за потребата за одржување максимална будност и внимателност од страна на контраразузнавачките и безбедносните институции во моменталната безбедносна и политичка состојба, како и нивна подготвеност за постапување доколку се укаже одредена потреба.

Она на што Нацев стави посебен акцент беше неговата теза дека „Единствена константа во меѓународните односи помеѓу државите е заштитата на своите сопствени национални и стратешки интереси.“ Ова може да се види преку голем број примери во далечната и во блиската историја, но и е прилично актуелна теза во денешните односи помеѓу државите.

Целото гостување може да го погледнете на следниот линк:

https://www.facebook.com/radiolider107.4/videos/1694955064257851