• 29.03.2024 09:38

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Лингвистите дадоа одговор: Како е правилно Турција или Туркије?

Туркије или Турција? Како е правилно? Одговор дали реномираниот професор Људмил Спасов!

-Некои медиуми почнаа да го применуваат ‘новото име’ на Турција, но тоа е погрешно.

Претседателот на Советот за македонски јазик, проф. д-р Људмил Спасов, вели дека името на државата Турција останува исто на македонски јазик.

– Ние си имаме наша транскрипција. На пример, не велиме Финланд, туку Финска, не велиме Дојчланд, туку Германија, не велиме Шќиперија, туку Албанија. Или, на пример, кај нас не е Београд, туку Белград. Во ред би било ако се пишува од влада до влада да стои и новото име во заграда, но за наша домашна употреба останува исто – Турција, а со тоа и изведенките си остануваат исти, вели тој.

Причините за промената на името се повеќе, меѓу кои и фактот што Турки на англиски значи и ‘мисирка’. Турците очигледно сакаат да ја сменат таа традиција и го менуваат името на државата за меѓународна употреба на начин како тие го изговараат името на својата држава – дома. Значи, Туркије за меѓународна употреба.

Линк