• 30.03.2023 10:12

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Семиња од Македонија првпат складирани во арктичкиот трезор на семиња за спасување на човештвото

Семиња од земјоделски култури од Македонија првпат се складирани во Светскиот трезор на семиња Свалбард, кој се наоѓа на норвешкиот остров Спитсберген, северно од Арктички Круг. Покрај македонски, оваа недела трезорот беше збогатен и со семиња од Албанија, Хрватска и Бенин. Овој трезор беше изграден во 2008 година длабоко во арктичкиот мраз и семињата што таму се чуваат треба да му послужат на човештвото во случај на катастрофа.

По повод 15-годишнината од неговото отворање, во трезорот биле депонирани вкупно 20.000 примероци на семиња од 20 меѓународни банки на растителни гени. Со тоа, бројот на складирани примероци се зголеми на 1,2 милијарди од речиси сите држави на светот. Вкупниот капацитет на трезорот изнесува 4,5 милиони сорти на култури, односно 2,5 милијарди семиња.

E&T