• 29.03.2024 09:13

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Маја Санду победи на претседателските избори во Молдавија

Кандидатката за претседател Маја Санду победи во вториот круг од претседателските избори во Молдавија, со освоени 56 отсто од гласовите, соопшти Централната изборна комисија на Молдавија. Актуелниот претседател на Молдавија, Игор Додон, кој доби поддршка од Кремљ пред гласањето, освои само 43 проценти од гласовите по пребројувањето на 99 отсто од гласачките ливчиња, според првичните резултати.

Санду, која ја предводи Партијата за акција и солидарност, вети дека ќе води борба против ендемската корупција во земјата. Треба да се напомене и дека Санду и нејзината партија се поевропски настроени и се поблиски до Европската Унија, за разлика од Додон, кој не ја криеше својата блискост со Владимир Путин.